
Московскиот патријарх со предупредување: Лудаците да сфатат дека уништувањето на Русија ќе значи крај на светот
Поглаварот на Руската православна црква (РПЦ), московскиот патријарх Кирил Први го повика локалното свештенство посилно да ѝ помогне на руската војска што се бори на фронтовите во Украина.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Московскиот патријарх досега отворено ја поддржуваше војната на Владимир Путин во Украина и често во јавните настапи ја оправдуваше агресијата.
Тој обвинуваше дека надворешни сили сакаат да ја ослабнат Русија, а во последниот говор отиде подалеку најавувајќи го крајот на светот ако Русија претрпи пораз. Упати и повик до парохиите да ѝ помогнат на руската војска на фронтот, па дури ако можат луѓето и сами да отидат таму
„Ако велиме дека црквата е со својот народ, тогаш секоја парохија треба да им помогне на оние кои се на борбената линија. Мораме да ги мобилизираме нашите парохијани за собирање храна и други работи. Барајте можности, собирајте пари, испраќајте пакети, ако е можно, одете и сами, поддржете ја војската“, апелира патријархот за време на празничен оброк во Соборниот храм Богојавление.
Според него, Русија која силно ѝ се спротивставува на глобализацијата, ужива „големи симпатии кај многу луѓе кои живеат на Западот“.
„Желбата да се победи Русија денес доби многу опасни форми. Се молиме на Господ да ги вразуми лудаците и да им помогне да сфатат дека секоја желба за уништување на Русија ќе значи крај на светот“, вели патријархот Кирил во последниот говор.