Фото: EPA-EFE/ARMANDO BABANI

„Морам да ја споделам одговорноста“: Германски кардинал понуди оставка заради злоставувањата

Германскиот кардинал Рајнхард Маркс понуди оставка на папата Франциск на функцијата архиепископ, со образложение дека тој мора да ја сподели одговорноста за „катастрофата“ со сексуалните злоставувања извршена од свештениците во последните децении.

Неговата понуда, која папата допрва треба да ја прифати, доаѓа во време на се поголеми осуди меѓу германските верници во врска со злоставувањата.

„Морам да ја споделам одговорноста за катастрофата во сексуалното злоставување од црковните службеници во изминатите децении“, напиша архиепископот Маркс од Минхен на веб-страницата на неговата архиепископија, изразувајќи надеж дека неговото заминување ќе создаде простор за нов почеток.

Минатата недела папата Франциск испрати двајца владици во Германија со задача да го истражат начинот на кој Архиепископијата во Келн „се справи“ со случаите на злоставување, потсетува агенцијата Ројтерс.

Маркс рече дека папата му наредил да остане на функцијата се додека не донесе одлука дали ќе ја прифати неговата оставка.

Извештајот објавен во март наведува 75 случаи во кои осум високи црковни службеници ги запоставиле своите должности при пријавување или санкционирање случаи на наводна злоупотреба на деца од страна на свештенството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот