
Молдавската претседателка предупреди на ризик од хаос и насилство инспирирани од Русија
Претседателката на Молдавија, Маја Санду, предупреди дека Кремљ се обидува да влијае врз парламентарните избори во земјата што ќе се одржат в недела.
Препорачано
Во видеообраќање, таа и денеска повтори дека Русија трошела „стотици милиони долари за купување гласови“ од двете страни на Днестар и во странство, како и за финансирање агитатори кои сеат насилство и заплашување. Вчерашните полициски акции во земјата резултираа со 74 апсења поради наводна подготовка за масовни нереди, при што дел од приведените имале обука со оружје во Србија.

Санду предупреди дека доколку Русија воспостави контрола врз Молдавија, ќе биде загрозена интеграцијата во Европската Унија, а земјата би можела да стане „предмостие за навлегување во Одеска област“.
Проруската опозиција ги оцени полициските акции како заплашување, а поранешниот претседател Игор Додон ја обвини Санду дека сака да ја вовлече земјата во војна со Русија. Молдавија, која од 2022 година е кандидат за членство во ЕУ, е политички поделена меѓу проевропските и проруски сили.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
25мин
-
31мин
-
56мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5