Молдавија / Фото SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Молдавија ја забрани проруската партија Шор

Уставниот суд на Молдавија денеска ја забрани проруската партија Шор, која ги предводеше повеќемесечните протести.

Уставниот суд ја прогласи партијата Шор за неуставна и воведе забрана за дејствување.

Молдавското Министерство за правда ќе формира посебна комисија, која ќе ги заврши сите законски процедури поврзани со распуштање на партијата.

Според одлуката шесте пратеници од партијата ќе ги задржат пратеничките мандати како независни, без право да се приклучуваат на другите фракции во Собранието.

Лидерот на партијата Илан Шор, кој живее во Израел, сè уште не ја коментирал судската одлука. Додека потпретседателката на партијата Марина Таубер ја критикуваше судската постапка пред пресудата
Шор е популистичка политичка партија со евроскептични и русофилски ставови уште од своето формирање во 1998 година. Партијата до октомври 2016 година се викаше Социо-политичко движење Еднаквост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот