Кинеска армија и претседателот Си Џипинг . EPA/XINHUA / LI GANG CHINA OUT / UK AND IRELAND OUT / MANDATORY CREDIT EDITORIAL USE ONLY

Моќ и политика под црвениот тепих: Растечката трилатерална стратегија на Пекинг, Москва и Пјонгјанг

На масовната воена парада во Пекинг на 3 септември, каде ќе се демонстрираат нуклеарни ракети, тенкови и борбени авиони од петта генерација, вниманието на светската јавност нема да биде насочено само кон модерната борбена технологија. Особено ќе се следи присуството на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин, кои ќе бидат гости на кинескиот претседател Си Џинпинг, анализираат медиумите.

За лидерите кои ретко патуваат во странство, оваа средба носи симболично и стратешко значење, како за нивните земји, така и за геополитичката сцена во регионот и пошироко.

Севернокорејски престиж и кинеска поддршка

Средбата на Ким и Си е прва по речиси шест години и ќе биде првиот пат Северна Кореја, Кина и Русија да бидат видени заедно на ваков настан. Овој потег ја потврдува стратешката зависност на Пјонгјанг од Пекинг, особено во светло на економските тешкотии и подготовките за значајни политички годишнини, како што се 80-годишнината од основањето на Работничката партија на Северна Кореја и претстојниот конгрес на партијата.

Ким Џонг Ун и Си Џипинг EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Истовремено се обидува да ја позиционира својата земја како рамноправен партнер на суперсилите, балансирајќи ја зависноста од Кина и Русија. За соседите на Северна Кореја, особено Јужна Кореја и Јапонија, ова значи можен раст на безбедносниот притисок и продлабочување на тројната поврзаност меѓу Пјонгјанг, Пекинг и Москва.

Експертите предупредуваат дека ваквото зближување може да има сериозни импликации за регионалната стабилност, особено во деловите од источна Азија каде воената технологија и логистиката стануваат клучни елементи на моќта.

Русија се враќа на меѓународната сцена

Присуството на Владимир Путин на парадата е сигнал за враќањето на Русија на светската сцена по период на изолација и санкции. По средбата со Доналд Трамп во Алјаска и поканата од Кина, Кремљ добива „црвен тепих“ што ја демонстрира неговата стратегиска важност и меѓународен углед пред домашната јавност.

Пречек на Путин во САД од страна на Трамп

Средбата со Си Џинпинг и учеството во парадата го покажуваат „невидено ниво“ на односите меѓу Русија и Кина. Овој развој ја потврдува стратешката природа на нивното партнерство, кое вклучува воена, економска и дипломатска соработка. За Путин, ова не е само прашање на личен престиж, туку и средство за сигнализирање до Западот дека секој обид за раздвојување на Москва и Пекинг е осуден на пропаст.

Кина демонстрира моќ и глобално влијание

Кинеската воена парада не е само показ на сила, туку и дипломатска порака до остатокот од светот. Со демонстрација на нова генерација оружје, вклучувајќи суперсонични системи и стратешки ракети, Кина ги испраќа сигналите дека се модерна глобална воена сила.

Кинеска армија – ЕПА

Пекинг ја користи оваа прилика да ја зацврсти својата позиција во глобалната дипломатија, истовремено менаџирајќи го списоците на гости, вклучувајќи ги и лидерите барани од Меѓународниот кривичен суд. Отсуството на Тајван од парадата, во контекст на поладните односи со Пекинг, дополнително го истакнува дипломатскиот контекст и тежината на настанот како инструмент за меѓународна порака и внатрешна пропаганда, анализира Би-би-си на српски.

Инаку парадата во Пекинг, со присуство на Ким Џонг Ун и Владимир Путин, ја надминува класичната демонстрација на воена моќ. Таа е симбол на растечката соработка и политичко-безбедносен сојуз меѓу Русија, Кина и Северна Кореја, која има потенцијал да ја промени динамиката во Источна Азија и глобалните односи. Од регионалната стабилност до сигналите упатени кон Западот, овој настан ја истакнува комплексноста на меѓународната сцена и значењето на личните и државните односи во обликувањето на глобалната моќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!