Јована Мојсоска - левица / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Мојсоска: Вмровската судијка Даниела Димовска, асистентка на Ѓорчев, денеска е избрана за в.д. претседателка на Кривичниот суд

Судскиот совет ја избра вмровската судијка Даниела Димовска за в.д. претседателка на Кривичниот суд како 11-то рангирана, наместо тоа да биде избран најдобро рангираниот судија, пишува пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

„Дел од нејзиното богато партиско минато и заслуги за оваа висока позиција е тоа што била асистентка на пратеникот Влатко Ѓорчев, додека нејзиниот сопруг работел во кабинетот на Тимчо Муцунски како градоначалник на Аеродром. Циркусот од вмровската интерпелација против Судскиот совет беше една обична фарса, а власта на пресови веќе ја нема да најавува разрешување на членовите на Судскиот совет. Очигледно, интерпелацијата за власта е успешна. Ги дисциплинираа членовите од Судскиот совет за конечно вмровските судии од “тефтерчето” на Горде да добијат функции во нивното партизирано судство“ напиша Мојсоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот