Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Мобилните телефони ќе исчезнат до 2030 година – еве што предвидува Закерберг

Марк Закерберг изјави дека до 2030 година, мобилните телефони ќе бидат заменети со подискретна и софистицирана технологија: паметни очила. Замислете очила кои не само што можат да прикажуваат информации во реално време, туку нудат и интегриран личен асистент директно достапен во вашето видно поле. Гаџет кој би можел да го трансформира начинот на кој комуницираме со дигиталниот свет! Тоа е пофлуиден, поприроден и интуитивен начин на доживување на нашиот секојдневен живот, без потреба да го вадите мобилниот телефон, пишува 3dvf- пренесе Каматица.

Ветувањата се бројни: GPS навигација што ја преклопува реалноста, превод во реално време или дури и идентификација на објекти во вашата околина. Но, дали сето ова ќе биде доволно за паметните телефони навистина да исчезнат?

Промената на навиките на корисниците е далеку од едноставна. Иако очилата имаат очигледен потенцијал, многумина се прашуваат: дали нивното носење во текот на целиот ден ќе биде практично како користењето паметен телефон?

Закерберг сега е втор најбогат човек на светот, го престигна Безос

Постојаното носење на таков уред може да предизвика проблеми со удобноста или дури и естетски проблеми. А што е со ситуациите кога едноставно не сакаме технологијата да се меша во реалноста?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот