Руски војник Мариупол
Фото: Maksim Blinov / Sputnik / Profimedia

Мобилни крематориуми кружат низ Украина, Русите ги горат телата на загинатите војници и цивили, тврдат извори

Во мобилни крематориуми распоредени на украинска територија, руската армија ги пали телата на убиените цивили за да ги прикрие своите воени злосторства, но и телата на загинатите руски војници за да ги прикрие своите загуби, соопшти военото разузнавање на украинското Министерството за одбрана, но нема потврда за ова од руска страна.

Според украинската страна, Русија со ова сака да го скрие реалниот број на свои загинати војници во Украина, но и да одбегне плаќање отштета на семејствата на загинатите војници.

-Снимката од Буча го обиколи светот и го покажа вистинското злобно лице на агресорот, кој без причина започна војна од сите размери. Руската армија испрати мобилни крематориуми во Мариупол, како и во регионите Чернихив и Луганск. Само во Мариупол Русите имаат 13 мобилни крематориуми. Окупаторите бараат и сведоци на воените злосторства за да ги убијат, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Инаку, градот Мариупол беше уништен од руките сили за само неколку недели, а бројот на цивилни жртви украинските власти го проценуваат на над 20.000. Освен што убивале невооружени цивили, руски војници силувале и малолетни девојчиња во Украина, вели истиот извор непотврден од другата страна.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера за прв пат од почетокот на воената инвазија изјави дека Русија врши геноцид во Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон се воздржа да го употреби тој термин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!