Авионска несреќа во Индија / Фото: EPA-EFE/SIDDHARAJ SOLANKI

МНР изрази сочувство до Индија по трагичната авионска несреќа

Македонското Министерство за надворешни работи денеска изрази сочувство до Индија по повод големата трагедија на аеродромот во градот Ахмедабад, каде во авионска несреќа загинаа преку 200 луѓе.

„Со длабока тага ја оплакуваме трагичната несреќа на летот AI171 на Air India од Ахмедабад кон Лондон. Упатуваме искрено сочувство до Владата на Индија, до министерот за надворешни работи д-р С. Џаишанкар, како и до семејствата и најблиските на сите кои се погодени од овој болен и трагичен настан“, пишува во телеграмата со сочувство на МНР.

ВИДЕО | Авион на „Ер Индија“ со 242 патници се урна во Ахмедабад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот