МНР - Министерство за надворешни работи - зграда / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

МНР со апел до македонските граѓани: Не патувајте во земјите од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Исто така упати апел до сите македонски државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната ситуација.

-Согласно добиените информации од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментов воздушниот простор над Израел и Иран е затворен, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај – нагласува МНР во соопшението.

Министерството ги потсетува македонските државјани дека при евентуална потреба од помош можаат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив, тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546, Е-пошта: [email protected] и Министерство за надворешни работи и надворешна трговија тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736, Е-пошта: [email protected].

Во рамки на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и ќе ја информира јавноста за сите новини навремено.

ВИДЕО | Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба: Цел на нападот биле објекти и нуклеарни постројки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот