МНР

МНР реагира до Софија и Брисел за заканите од Џамбаски кон Пендаровски

Министерството за надворешни работи (МНР) вечерва реагираше и ги осуди изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, со кои тој му се заканува на претседателот Стево Пендаровски, потсетувајќи го „како завршиле во минатото сите оние кои се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО“.

Од МНР информираат дека по дипломатски пат е известено и бугарското Министерство за надворешни работи.

-Во овој случај, Министерството ќе му препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Румен Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент, се вели во реакцијата.

Заканите и изјавите за закани, како што се наведува во соопштението, се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи.

– Очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава, се наведува во реакцијата од МНР.

Бугарскиот европратеник Џамбаски на социјалните мрежи индиректно упати закани до претседателот Пендаровски.

– Што претставува за нас една таква забрана. Да му порачам на Стево пендаровски наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРо во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, Ако се обидат да ни забранат влез во Македонија, нека погледнат во историјата и нека учат од неа, напиша Џамбаски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот