Раст на цените на нафтата / Илустративна фотографија: ЕПА

Многу луѓе не можат да ја најдат на мапа, но таа станува нафтен гигант

Според извештајот на „Глобален енерџи монитор“, до 2035 година Гвајана ќе стане светски лидер во растот на производството на нафта. Потоа се очекува да произведува околу 2 милиони барели дневно, што е еднакво на комбинираното производство на Колумбија, Еквадор, Перу, Тринидад и Тобаго и Венецуела во 2022 година.

Економскиот бум започна во 2015 година, кога американскиот гигант „ЕксонМобил“ откри огромни резерви на нафта. Гвајана веќе произведува околу 650.000 барели дневно, а според Меѓународниот монетарен фонд, од 2022 до 2024 година имаше највисок раст на БДП во светот- пренесе Каматица.

– Гвајана мора да управува со своето богатство за да овозможи инклузивен и одржлив раст – рече Рајан Берг од Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS).

И покрај економскиот пораст, оваа земја се соочува со сериозни политички предизвици. Неодамна се одржаа избори, каде што гласачите го избраа новиот претседател, членови на парламентот и регионални совети. Политичкиот аналитичар Имдат Онер верува дека мирните избори би покажале дека ненадејното богатство од нафта не мора да ја дестабилизира демократијата, како што се случи во Венецуела.

Изборите се одржаа во сенка на долгогодишен територијален спор со Венецуела, која го бара регионот Есекибо. Оваа област, богата со нафта и други ресурси, е дом на околу 125.000 луѓе. Иако Арбитражниот суд го додели Есекибо на тогашното Обединето Кралство во 1899 година, Каракас продолжува да ја оспорува таа одлука и се обидува да ја анектира областа. Гвајана ги нарече тие тврдења „егзистенцијална закана“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!