фото: КФСМ

Младите кошаркарски со пораз го започнаа ФИБА Челенџер турнирот

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години доживеа убедлив пораз на стартот од ФИБА Челенџер турнирот кој се игра во Скопје. Подобри од избраничките на селекторот Саша Димитријевиќ беа кошаркарките на Луксембург кои славеа со 79:55.

Во првото полувреме се играше израмнета кошарка и на одмор Луксембург замина со предност од пет поени (29:34). И третата четртина помина во израмнета игра, но затоа во последните 10 минути, голем пад во играта на избраничките на селекторот Димитријевиќ кои постигнаа само 12 поени, додека противникот даде 28 поени за убедлив триумф од 79:55.
Тијана Митрева постигна 16 поени, додека Тасевска и Секуловска дадоа по 10 поени.
Во второто коло кое ќе се игра утре, кошаркарките од 21 часот се среќаваат со селекцијата на Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот