Фото: КФСМ

Младите кошаркари на Македонија подобри од Швајцарија на контролката во Гевгелија

Нашиот национален тим „Под 18“ години стигна до првиот триумф во периодот на подготовките, славеше со резултат (67:62)

Машката јуниорска репрезентација на Македонија одигра уште еден контролен натпревар во периодот на подготовките и во Гевгелија бевме домаќини на Швајцарија.

Сосема добар почеток на проверката во Гевгелија имаше нашиот национален тим „Под 18“. Во воведните десет минути направија предност од (22:15) избраниците на селекторот Горан Андреевски. Добрата игра ја продолжија и во втоориот период, во кој успеаја таа разлика да ја зголемам, односно на полувремето, нашиот јуниорски тим имаше  предност од 16.поени (38:22).

Во продолжението доста поизрамнета игра, во која Швајцарците успеаа да одржат каква-таква резултатска рамнотежа, односно по три одиграни четвртини, Македонија водеше со резултат (56:43).

На почетокот од последниот дел, гостите од Швајцарија се доближија, имаа и негатива од само шест поени (54:60), која ја забележаа во 34.минута од играта.  Имавме одговор за тој напад на противникот, на 3:20 минути пред крајот, поведовме со (66:58).

А последните 60 секунди од оваа проверка дветте селекции ги дочекаа со резултат (66:61). Но реализираа само по еден поен, па победтаа остана за нашата јуниорска селекција, за нив прва во подготвителниот период, по поразите во дуелите со Црна Гора и со Романија (на гостински терен).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот