
Митовски: Водата во Крива Река припаѓа во најлошата категорија на загадени води, неупотреблива за каква било намена
Стручното мислење покажало дека има надминувања и на цинк и кадиум, со што водата спаѓа во трета класа од уредбата за класификација на водите и не смее да се употребува за друга намена, без претходно да се обработи. Митовски рече дека и физичките показатели при анализата на водата на Крива Река покажуваат дека матноста е со единица 70, од дозволените 10 гранични вредности
Водата во Крива Река во Крива Паланка е неупотреблива и сериозно загадена, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој презентираше нови анализи со кои покажа дека има надминување на граничните вредности и на матност на реката и побара институциите да реагираат, обвинителството да поведе постапка. За него, е нејасно зошто и Државниот инспекторат за животна средина не направил ургентни анализи на водите по хаваријата во рудникот Тораница.
Препорачано
Како што соопшти Митовски, анализите што ги спровел Институтот за јавно здравје на барање на риболовното друштво „Мрена“ покажале значителни отстапувања.
Водата од Крива Река, како што изјави градоначалникот, припаѓа во најлошата категорија на загадени води, неупотреблива за каква било намена.
Митовски презентираше податоци според кои зголемено е нивото на олово, за повеќе од три пати укажувајќи дека киселоста на водата е штетна за рибите.
– Концентрацијата на штетните супстанции коишто ги надминуваат акутните нивоа на токсична за водениот свет-вода во оваа класификација односно петта класа не смее да се користи за ништо ниту пак за наводнување – рече Митовски.
Стручното мислење покажало дека има надминувања и на цинк, кадиум, со што водата спаѓа во трета класа од уредбата за класификација на водите и не смее да се употребува за друга намена, без претходно да се обработи. Митовски рече дека и физичките показатели при анализата на водата на Крива Река покажуваат дека матност е со единица 70, од дозволените 10 гранични вредности.
– Хемиските показатели на суспендираните материи коишто се присутни во водата којшто ја намалуваат пропустливоста на светлината во природната вода и влијаат животната средина, го уништуваат живиот свет се главни причинители за поморот се со вредност замислете дури 7.876 микрограми на литар од максимум дозволените 30 микрограми на литар којшто сепак за повеќе од 120 пати зголемени – рече Митовски.
Суспендираните материи од органско и неорганско потекло, тешко се раствораат во водата и според Митовски се главен показател и за присуството на тешките метали во Крива Река. Тој дополнува дека резултатите од сегашната и претходната анализа на општината, покажуваат дека водата во Крива Река е неупотреблива и сериозно загадена.
– Двете истражувања патем којшто кажавме дека се направени од независни акредитирани лаборатории односно од една акредитирана лабораторија и од Државниот Институт за јавно здравје потполно нејасно како тврдењата на „Буламк 2016“ дека загадувањето не е од истекувањето и причината од хаваријата од цевката настаната во рудникот Тораница. Имено согласно А еколошката дозвола којшто ја поседува „Булмак 2016“ рудникот Тораница во нивниот процес користат токму кадиум, цинк, олово цијанид и останати соединенија коишто се наоѓаат во Крива Река веднаш по хаваријата и тоа е многу јасно и децидно се гледаат токму во двете анализи коишто ги имаме веќе како релевантен доказ – вели тој.
Градоначалникот на Крива Паланка, апелираше институциите да реагираат брзо, обвинителството да отвори постапка, потсетувајќи дека изминатата недела е поднесена кривична пријава. Одговарајќи на новинарски прашања Митовски рече дека целокупното постапка на државниот инспекторат, толкувањата и вчерашната прес-конференција на менаџментот на компанијата отвораат дилеми и прашања, и ја загрижуваат јавноста во Крива Паланка.
– Со самото она што при самиот записник којшто го имаме можност да го видиме на и којшто истиот е објавен на официјалната веб страна на Државниот инспекторат никаде не е констатирано или пак наложено на правното лице да изврши анализи на водите, Тораничка Река и Крива Река. Дополнително Државниот инспекторат имал обврска и морал сопствено нивните договори коишто ги имаат со акредитирани лаборатории да извршат и да направат ургентна анализа на водите на Тораничка и на Крива Река она што еве денес ќе имаме можност да го видиме а се потврдува со сите наоди коишто ги имаше општината од претходниот период од извештаите од акредитираната лабораторија од минатата недела и денеска од овие лабораториски известувања направени на барање на здружението „Мрена“ навистина се потврдуваат тврдењата на општината дека Крива Река е сериозно загадено – изјави Митовски.