
Митови и факти | Ванковска: По разводот со САД, ЕУ го облече војничкиот шинел
Во екот на кампањата за последните претседателски избори, во своите настапи професорката Билјана Ванковска како потполно да ги предвиде настаните коишто од корен ја сменија глобалната политика. Токму затоа таа беше одбрана како одличен соговорник за гледачите на Митови и факти, да ја објасни состојбата во која се најде светот, во моментите кога американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да воспостави сосем нов тренд во меѓународните односи.
Препорачано
Ванковска најмногу говори за ЕУ и за специфичниот геополитички дискурс во кој се најде европскиот континент, кој по долги децении сојузништво со САД, сега самата треба да исчекори на светската сцена и да го побара своето место во комплицираниот однос со големите воени сили.
Таа вели дека е единствена од академската заедница, која постојано инсистирала на оргинална надворешна политика, која не е заснована на просто-проширени политчки флоскули.
– Јас се чувствувам како црна овца и баш ми е драго што е така, а моите колеги се радуваат што заминувам во пензија па нема да им ја нарушувам таа хармонија на НАТО-ЕУ, НАТО-ЕУ, тоа е папагалско повторување без да гледате што се случува во светот. А не сте излегле надвор. Ај да не зборувам колкав процент не знае ни српски, а камоли друг странски јазик за да може да прочитаат, да зборуваат или не дај боже да гостуваат на поткаст или на некоја телевизија или артикулираат став – вели Ванковска.
Професорката тврди дека сведочиме на разводот на бракот помеѓу Брисел и Вашингтон, за кој се испостави дека бил брак од интерес без воопшто љубов. По раскинот на двете сили, Ванковска забележува дека ЕУ не е веќе мировен проект, туку забрзано се милитаризира.