Емир Хасановиќ / Фото: Слободен печат

Митови и факти ЕП10 | Хасановиќ: Политиката се сведе на натпревар за популарност

Во 10 епизода на Митови и факти ви го претставуваме Емир Хасановиќ, кој како млад, образован и пред сè модерен човек, донесе нова свежина во политичката дебата во Македонија.

– Имате сега масовен човек, којшто сака политиката да ја сведе натпревар за популарност. Што ќе кажам јас, што ќе ти биде убаво на душичката, без разлика дали тоа е изводливо или добро. И таа неодговорност како да кажам го разводнува тој суштински дискурс, а за жал бидејќи нашиот систем е толку кревок, го немаме тој луксуз сега да се релаксираме. Ние сега треба да сме во зенит, да градиме, да правиме, да ресистемизираме, да наоѓаме како да ја спречиме оваа бела чума којашто ни го уништува секое ткиво – вели Хасановиќ.

Хасановиќ е експерт за безбедност и стратегиски комуникации, работи како консултант за меѓународни корпорации, а образованието го стекнал на престижни универзитети во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот