Маријан Ѓорчев - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Маријан Ѓорчев - Фото Слободен печат / Методи Здравев

Митови и факти ЕП 16 | Ѓорчев: Колективниот Запад не постои, светот е мултиполарен

Марјан Ѓорчев е поранешен вицепремиер во владата предводена од Љубчо Георгиевски, градоначалник на Кисела вода, но и амбасадар на Македонија во Република Бугарија.

Во Митови и факти тој говори за големите геополитички промени во светот коишто настапија во последните години, а се тесно поврзани со војната во Украина и со доаѓањето на власт на Доналд Трамп во САД.

– Сериозни анализи ќе се направат, нема сега по 10 или 15 години, кои се причините за кризите после распаѓањето на Советскиот Сојуз, кои се причините за избивањето на оваа страшна криза на истокот, јас ја нарекувам војна меѓу Украина и Русија. Кои се причините? Значи имаше едно време ако се сеќавате, кога велат сега европските великодостојници, конкретно комесарката Урсула фон дер Лајен вели меѓународниот ред е даденост и не може никој да го промени. Па да ја потседам госпоѓа Урсула фон дер Лајен, меѓународниот ред биполарниот беше даденост до 90 година, па се промени. (Нејзината земја се обедини) Па се обедини, така што таа беше поделена. Во едниот дел живееше Ангела Меркел, подоцна канцеларка и нејзина премиерка, кога таа беше министерка за одбрана на Германија. А сега даденост, значи после 35 години тоа е даденост, не може да се менува тогаш кога униполарниот свет треба да признае дека постојат повеќе полови – вели тој.

Тој говори и за политиката на „двојни аршини“ кои се вметнати во надворешната политика на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот