Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Митева: Кабинетот на премиерот е во постојана комуникација со семејствата на настраданите во Кочани

Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска во рамки на трибината „Кочани е нашиот приоритет“, рече дека лица од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски се во континуирана комуникација со семејствата на оние кои загубија најблиски во трагедијата во Кочани.

Нејзината изјава доаѓа наспроти исказите на членови на семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, но и на дел од преживеаните и повредените, во кои тие јавно ја обвинија државата дека ги препуштила да се снаоѓаат без основни услови за неопходната рехабилитација во родниот град.

Прашана за тоа дали има најава дека премиерот ќе оди во Кочани, Митева, рече дека од тоа што го знае, тој веќе имал средба со дел на семејствата и оти имало некоја договорена динамика за средби.

-Верувам и дека при интерес за средба таму, се надевам дека ќе бидеме и достапни и ќе биде информирана јавноста веднаш кога тоа ќе се случи. Меѓутоа мора да потенцирам дека има динамика на средби со семејствата, која се остварува, но поради нивно барање тоа не е јавно објавено, изјави Митева.

Дарко Златев, преживеан од „Пулс“: Ова не е само наша болка – ова е срам за цела една држава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот