Балтичко Море / фото: EPA-EFE / Johan Nilsson

Мистериозно откажа подморски кабел меѓу Финска и Германија долг 1.200 километри

Мистериозен дефект на подморски телекомуникациски кабел кој ги поврзува Финска и Германија ги нарушил комуникациските услуги, објави денес компанијата која управува со врската. Кабелот Ц-Лион1, кој ги поврзува Хелсинки и Росток во Германија, го поставила Циниа, финска компанија под државна контрола.

Кабелот се протега на речиси 1.200 километри и е единствената директна физичка врска од тој вид меѓу Финска и централна Европа. Минува покрај останати клучни инфраструктурни врски, меѓу кои и гасоводи и енергетски кабли.

Нејасно е што го предизвикало дефектот. Циниа соопшти дека сè уште го истражува проблемот.

Ова се случува само неколку дена откако Вашингтон предупреди дека открил засилена руска воена активност околу клучни подморски кабли. Двајца американски функционери изјавија за „Си-ен-ен“ во септември дека САД сметаат оти сега е поверојатно Русија да изврши потенцијални саботажи на критични делови на инфраструктурата.

Предупредувањето следеше по заедничката истрага на телевизии од Шведска, Данска, Норвешка и Финска, кои во април известија дека Русија има флота потенцијални шпионски бродови кои дејствуваат во нордиските води како дел од програма за можни саботажи на подводни кабли во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!