
Мистеријата за убиството на украинскиот преговарач продолжува, се јави и советникот на Зеленски
Се уште не е јасно како е убиен Денис Кирејев, член на украинската делегација во преговорите со Русија.
Препорачано
Генералниот директорат за разузнавачки работи (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина потврди дека Кирејев загинал „за време на специјална задача“. Таа информација е објавена во саботата на Фејсбук страницата на Генералниот директорат за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина.
Михаил Подољак, советник на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека убиството на Кирејев нема никаква врска со работите на делегацијата.
– Пукањето нема врска со работата на делегацијата. Беше надвор од преговарачкиот процес, беше во Киев, и таму избувна еден вид конфликт – рече Подољак, кој не објасни за каков конфликт се работи.
#BREAKING: Denis Kireev, a member of Ukraine's negotiating team with Russia, who was killed today, was a Ukraine intel officer and was killed during an operation – Ukraine's military intelligence https://t.co/9LRvHpcH30 pic.twitter.com/0X9W8EX2GT
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) March 5, 2022
Потсетуваме, украинските медиуми во саботата објавија дека Кирејев, член на делегацијата на Киев во првите преговори со Русија минатата недела, бил убиен откако бил уапсен од Службата за безбедност на Украина. Тогаш беше напишано дека тој наводно е „обвинет за шпионажа“.
Но, таа информација не беше официјално потврдена, а подоцна во текот на денот Генералниот директорат соопшти дека тој починал при специјална задача.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Кружат фотографии од убиениот украински преговарач, Денис е застрелан во глава