Мистеријата за децата на Ким Џонг-ун: Никој не знае колку се, а Денис Родман ги видел и еве што вели за нив

Веќе со денови се зборува за здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, а најголемо внимание се дава на тоа кој би можел да го наследи во најлошото сценарио.

Цел живот Ким Џонг-ун (36) е голема мистерија, а мистерија е и податокот колку точно деца има лидерот на Северна Кореја. Тој од 2009 година е во брак со Ри Сол-џу и се знае дека имаат најмалку едно дете.

Ри Сол-џу / Фото: EPA-EFE/PYONGYANG PRESS CORPS / POOL

Тоа се знае, меѓу останатото, на основа на една изјава на Ким Џонг-ун, кога во 2018 година во разговор со секретарот на САД, Мајк Помпео, рекол дека сака да ја прекине нуклеарната програма, бидејќи е „сопруг и татко“.

Малку познатите информации за нивниот брачен живот во главно доаѓаат од тајните служби на Северна Кореја. Ри е инаку бивша пејачка и не е реткост да исчезне од јавноста на одредено време. Некогаш се зборува дека тоа е заради брачните проблеми, а некогаш се претпоставува дека тоа е бидејќи е бремена.

Ким Џонг-ун со сопругата EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Се верува дека првото дете, син, го добиле во 2010 година, а дека три години подоцна добиле ќерка. Исто така се зборело дека на почетокот на 2017 година добиле трето дете.

Поранешниот НБА играч, Денис Родман во 2013 година, по посетата на Северна Кореја, за Гардијан ги споделил своите искуства и меѓу другото рекол дека се спријателил со Ким па успеал да дознае неколку работи од неговиот приватен живот.

  • Маршалот Ким и јас одлично си пројдовме на плажа со неговата фамилија. Им го чував бебето, Џу-ае, а разговарав и со неговата сопруга Ри. Тој е добар татко и има прекрасна фамилија, рекол Родман

Меѓутоа, и понатаму како најверојатен избор на наследник на Ким Џонг-ун се споменува неговата сестра, Ким Јо Џонг.

Денис Родман / Фото: EPA/LEONARDO MUNOZ

Инаку, веднаш откако се раширија вестите дека здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја можеби е критична, корисниците на социјалните медиуми, а особено на твитер, веднаш започнаа да објавуваат сатирични твитови поради невообичаеното пријателство на Родман со Ким Џонг-ун.

Единствено нејзе Ким Џонг Ун ѝ верува: Која е Ким Џо Џонг и дали таа ќе биде следната владетелка на Северна Кореја?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот