тираносаурус
Реплика на тираносаурус / Фото: EPA-EFE/LORENZO HERNANDEZ

Мистерија: Зошто тираносаурусот имал пократки предни нозе во споредба со остатокот од телото?

Палеонтолозите веруваат дека тираносаурусот, познат како ти-рекс, бил најстрашниот и најкрволочниот диносаурус кој некогаш живеел. Тој бил брз грабливец, а, веројатно, и најголемиот месојадец што живеел на нашата планета. Единствениот дел кој не одговарал на неговата појава биле кратките предни нозе. Научниците велат дека оваа физичка карактерисика била присутна кај повеќето двоножни ѕвероноги, пишува „Национална географија“.

Прашањето е – зошто им служеле?

Биологот Џон Хаџинсон, кој го проучува движењето на големите копнени животни, објаснува дека за време на еволуцијата на ѕвероногите, нивните предни нозе, всушност, не станале пократки, туку нивните задни нозе станале подолги. Со други зборови, со текот на времето, тираносаурусите се прилагодиле за т.н. специјализиран лов, поради што им била потребна поголема глава и задни нозе за да го уловат пленот. Интересен факт е дека денешните комодски варани го ловат својот плен на сличен начин.

Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Примамливо е да се претпостави дека секоја особина што ја поседува животното има некаква еволутивна улога. Во овој случај, таа карактеристика, односно должината на предните нозе, немала специфична улога, додека другите делови од телото му пораснале до колосални големини за да му помогнат да преживее во својата средина.

Сепак, Хаџинсон не ја исклучува можноста научниците еден ден да најдат некоја друга причина за овој еволутивен процес кај двоножните динорауруси.

Речиси половина од Американците веруваат дека диносаурусите сè уште шетаат по Земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот