Фото: Фејсбук / Орце Ѓорѓиевски

Мишко Ралев ја менува страната – архитектот му се приклучува на тимот на Орце Ѓорѓиевски

Архитектот и професор Мишко Ралев кој беше опција да биде кандидиран за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ отсега ќе делува како дел од тимот на Орце Ѓорѓиевски.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Орце Ѓоргиевски нагласи дека Ралев со своето богато искуство, визија и интегритет претставува силна поддршка и дополнителна мотивација за неговиот тим, кој, како што посочи, работи на визијата за „поубаво и современо Скопје“.

„Академската заедница и научно-истражувачката дејност на реномираните професори секогаш ќе имаат отворена врата и заслужено место во визијата за напредно Скопје“, напиша Ѓорѓиевски, најавувајќи интензивна соработка со академската фела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот