Profimedia

Мишел Фајфер сподели фотографии од своите најмили: „Не знам што би правела без нив“

Мишел Фајфер сподели фотографии од детството со своето семејство по повод Светскиот ден на браќата и сестрите. На Инстаграм таа објави неколку сцени со нејзините браќа и сестри во различни периоди во минатото.

Мишел, која има 66 години, е многу блиска со нејзините сестри Диди и Лори и со постариот брат Рик. Лори исто така тргнала во светот на шоубизот, глумејќи во неколку филмови пред да премине да работи зад камерата како асистент во продукција. Диди е исто така успешна актерка со улоги во филмови како „Vamp“ и „The Allnighter“.

Мишел претходно ја опиша врската со нејзините браќа и сестри како „нераскинлива“. За време на пандемијата, таа ги покажа своите најмили споделувајќи фотографија од повторното обединување со нејзините сестри по месеци разделба поради строгите мерки за карантин. Во описот на сликата таа напиша: „Повторно заедно и чувството е неверојатно. Заедно сме помалку од 24 часа, но ја цениме секоја секунда.’

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот