Владо Мисајловски

Мисајловски: Ќе ѝ помагаме на Украина, но она што е потребно во овој момент за Армијата ќе остане

„Она што е потребно во овој момент за Армијата, тоа секако ќе остане, бидејќи мора да ги зголемуваме нашите капацитети и постојано да вложуваме во нови ресурси. Се разбира, ние ќе ѝ помагаме на Украина, но мој приоритет и на сите тука ни е Македонија“, рече вечерва во гостување во дневникот на МРТВ министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-Ова е еден пакет на помош, веќе шест месеци се преговара се договара, иако тогаш во министерството се направиле сите подготовки, не било сето ова процесуирано на Влада како документација, претпоставувам поради изборите и она што се се случувало. Но веќе имаме преземени обврски како секоја земја членка на НАТО имаме постојано контрибуција, донации. Ова неколку месеци се работи, го доставивме на вчерашната седница на Влада, која е затворена и овој пакет понина, а претходно сите истанци се поминаа во министерството за одбрана, рече Мисајловски.

„Се работи за опрема, во овој период е доверлива, со декфалификација, ќе ја известиме јавноста, она што можам да го кажам во овој момент, е тоа дека се работи за она што не ни е потребно во формацијата. Јас могу пати кажувам, еве и сега ќе кажам она што е потребно во овој момент за Армијата, тоа секако ќе остане, бидејќи мора да ги зголемуваме нашите капацитети и постојано да вложуваме во нови ресурси, се разбира ние ќе и помагаме на Украина, но мој приоритет и на сите тука ни е Македонија“, додаде Мисајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот