Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Минусни утрински температури низ цела држава, најстудено во Берово

Најстудено утрово е во Берово, со измерени – 8 степени Целзиусови, додека со 1 степен најтопло е на Попова Шапка.

Измерени се -6 во Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија, Струмица и Куманово, -5 степени во Тетово, Прилеп, Велес и Штип, -4 на Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, -3 Крива Паланка, -2 степени во Охрид, Претор, Виница, Гевгелија и Маврови Анови и нула степени во Крушево.

Во текот на ноќта, соопштија од УХМР, времето беше ведро, а утрово е сончево и студено со мала локална облачност. Понекаде дува слаб ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот