Свинско месо/ Фото: ROBERT MICHAEL / AFP / Profimedia

Министерството за земјоделство разговара со „Лидл“ за извоз на српско свинско месо на европскиот пазар

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Александар Мартиновиќ, разговараше со извршниот директор на „Лидл“ Србија, Драган Чигоја, за можноста за пласман на српско свинско месо на европскиот пазар во делот што го покрива таа компанија, што би придонело за зголемување на добиточниот фонд во Србија, соопшти Министерството.

На средбата беше претставена намерата на компанијата да инвестира во развој на сточарството во Србија преку проекти за гарантиран откуп, а со поддршка на Министерството. Овој тип на соработка помеѓу „Лидл“ и малите и средните производители на свинско месо би бил одличен поттик за одгледувачите.

Беше нагласена важноста од создавање континуитет во откупот, цената и пласманот на свинското месо, а се зборуваше и за потврденото препознавање на квалитетот на српските производи, како и општото зголемување на пласманот на српското овошје, зеленчук и други земјоделски производи на големиот и баран европски пазар. Беше констатирано дека ова е извонредна можност за долгорочна соработка, во која заедно, преку планирање на проекти од областа на сточарството, би им се дала шанса на земјоделските производители на свињи да излезат на европскиот пазар, објави ФоНет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот