
Министерството за труд изврши притисок врз вработените во Центарот за социјални работи Скопје
Вработените во центарот за социјални работи Скопје, добиле закани од Министерството за труд и социјала и раководителите, дека ќе бидат избркани од работа или прераспоредени на други работни места, ако излезат од канцелариите, соопшти претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски
Наместо да изразат поддршка на нивната колешка од Центарот за социјални работи во Прилеп, која беше застрелана, вработените во центарот за социјални работи Скопје, добиле закани од Министерството за труд и социјала и раководителите, дека ќе бидат избркани од работа или прераспоредени на други работни места, ако излезат од канцелариите, соопшти претседателот на Синдикатот на УПОЗ, оправдувајќи го на тој начин тоа што сам се појави прес-конеференцијата во Скопје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-За среќа нашата колешка е во добра состојба а УПОЗ ќе и даде секаква правна и финансиска поддршка. Но, нејзините колеги беа замолчени, и исплашени. Никој не смее да ги брка од работа или да им се заканува затоа што сакаа да издејствуваат конечно обезбедување на побезбедни услови за работа. Ова е специфична група на вработени, која секогаш работи со најмаргинизираната група на граѓани, а притоа се вербално и физички напаѓани. Настанот во Прилеп беше само кулминација. Влезете да видите во какви услови работат лицата во центрите за социјални работи, а не добиваат никаков надомест за дежурство или приправност, влегуваат во било какви случаи, па дури и убиства, а немат ни бенефициран стаж. Ова, мора што побрзо да се регулира. Нема поголем апсурд од тоа да им се забрани на социјалните работници да излезат за да и дадат поддршка на колешката, застгрелана на работно место со два куршуми. Да имавма работодавачи како што треба сите ќе отидеа во Прилеп да ја посетат колешката и да дадат поддршка – поентираше Деаноски.