Министерството за правда ги извести надлежните во правосудството за прогласување кризна состојба во Дебар и Центар Жупа

По донесената одлука за прогласување на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, од Министерството за правда информираат дека ги известиле претседателот на Судскиот совет Киро Здравев и Јавниот обвинител Љубомир Јовески, од кои очекуваат до почетокот на работната недела да испратат конкретни напатствија за постапување на судовите и јавните обвинителства со надлежност над овие општини.

– Известени се дека главниот штаб, согласно Законот за управување со кризи, во рок од 24 часа треба да издаде акциски план за постапување кој Судскиот совет и Јавното обвинителство треба да го земат предвид при носењето одлуки поврзани со работата на судовите и обвинителствата кои постапуваат на териториите на коишто е прогласена кризна состојба. Остануваме во постојана комуникација и очекуваме Судскиот совет и Јавното обвинителство до почетокот на работната недела да испратат конкретни напатствија за постапување на судовите и јавните обвинителства со надлежност над овие општини, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Од Министерството за правда, потсетуваат дека сите други институции во сферата на правосудството треба доследно да се придржуваат до сите задолженија, препораки и одлуки на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!