Министерство за енергетика-табла / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерството за енергетика ги отвора сите договори, концесии и јавно-приватни партнерства за јавноста

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) информира дека активно учествува во реализацијата на Акцискиот план за Партнерство за отворена власт 2024–2026 година. На денешниот тематски владин состанок, посветен на оваа иницијатива, беше потенцирано дека токму ова Министерство е координатор на заложбата за јавно објавување на склучените договори за концесии и за јавно-приватни партнерства, како и учесник во процесот на објавување на вистинските сопственици на фирмите што работат со државата.

„Енергетиката, рударството и минералните суровини се сектори од големо јавно значење кои го носат економскиот развој на државата. Нивното управување мора да биде транспарентно, отчетно и достапно за јавноста зашто успехот во овие области се гради и се дели со граѓаните, тој е од нив и за нив – изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини“, Сања Божиновска.

Министерството веќе има формирано работна група задолжена да ги објави сите склучени договори за концесии за експлоатација на минерални суровини и за детални геолошки истражувања. Документите се достапни на веб-страницата на институцијата, овозможувајќи директен увид за граѓаните и граѓанските организации, велат од Министерството.

Во делот на јавно-приватното партнерство (ЈПП), Министерството веќе води Регистар на доделени договори, велат од МЕРМС.

„Овој регистар ќе се надгради согласно новиот Предлог-закон за ЈПП, преку воспоставување Единствен електронски систем за јавно-приватно партнерство кој ќе ги опфати сите фази на проектите – од планирање, до доделување, спроведување и завршување на договорите. Системот ќе биде директно поврзан со Националниот електронски систем за јавни набавки (ЕСЈН). Со овие активности Министерството потврдува дека транспарентноста и отчетноста се основа на успешното управување со јавните ресурси“, се вели во соопштението на Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!