
Министерот за здравство најави вработување на 300 специјализанти
Министерот за здравство, Азир Алиу во интервју за МИА најави вработување на 300 специјализанти.
Препорачано
„Една од можностите за да стигнеме побрзо до здравство по европски стандарди е да ги фокусираме сервисите во регионални центри, со тоа ќе придонесеме кон инвестирање во тие центри, да бидат со соодветна технологија, инфраструктура и кадар, со цел да имаме европски здравствен систем. Од друга страна, не може да очекуваме дека за една, две до три години ние ќе имаме такво здравство. Причините за недостиг на човечки ресурси не се од денес, туку од пред десет, петнаесет, дваесет години, кога се креирало здравство базирано на политики и на историја, а не на податоци и на потреби. Тоа нема да го дозволиме, понатаму сите политики ќе бидат базирани на податоци и потреби, со цел такво здравство да имаме во иднина“, додава Алиу.
Алиу посочува дека се планираат активности за инфраструктурно и кадровско зајакнување и опремување на болниците во другите градови во државата, со цел растоварување на клиниките во Скопје и најави дека ќе има национална програма за обука на докторите, на медицинските сестри и тоа е еден од приоритетите, бидејќи со добро обучен кадар ќе можат да се нудат сервиси кои граѓаните ги бараат, а тие да бидат квалитетни и во согласност со европските стандарди.
– Значи, во Штип ќе има реконструкција и градба на Медицинскиот факултет, но исто така и за студентскиот дом, инфраструктурно уредување на просторот. Истото ќе се случи со Тетово, додека во Кичево ќе има нова градба, посочува Алиу.