Роберт Кенеди Јуниор фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Министерот за здравство, Кенеди Јуниор го распушти Одборот за вакцини поради судир на интереси

Американскиот секретар за здравство, Роберт Ф. Кенеди Јуниор, го распушти експертскиот советодавен одбор за вакцини, што традиционално ги водеше препораките за вакцини на федералната влада, нагласувајќи дека групата е „преполна со судири на интереси“, јави Си-ен-ен.

Целиот Советодавен комитет за имунизација (ACIP) што ги советува Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) за распоредите за вакцинација и задолжителното покривање на имунизацијата, ќе биде повлечен и заменет со нови членови, објави Кенеди во колумна на Волстрит џурнал.

Секретарот за здравство има овластување да назначува и разрешува членови на одборот, кои обично имаат четиригодишен мандат. Сепак, замената на целиот одбор пред крајот на мандатот е без преседан, јавија аамериканските медиуми.

Кенеди рече дека многу од членовите на одборот, кои обично се педијатри, епидемиолози, имунолози и други лекари, биле „назначувања во последен момент“ од администрацијата на Бајден.

„Без отстранување на сегашните членови, сегашната администрација на Трамп нема да може да ги назначи повеќето од новите членови до 2028 година“, напиша тој.

Членовите на ACIP не се политички назначени. Сепак, Кенеди, долгогодишен критичар на федералната политика и безбедност за вакцини, тврди дека сегашниот панел е преполн со судир на интереси и не бил транспарентен во своите препораки за вакцини.

Кенеди претходно му вети на сенаторот Бил Касиди, републиканец од Луизијана и претседател на Комитетот за здравство, образование, труд и пензии, дека ќе се консултира со него за пополнување на клучните позиции во советодавните одбори за вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот