Обединети нации / Фото: aa.com.tr

Министерот за надворешни работи на Мали бара мировната мисија на ОН да се повлече од неговата земја

Министерката за надворешни работи на Мали, Абидулаје Диоп побара денеска пред Советот за безбедност на Обединетите нации мировната мисија на Светската организација, позната како Mинусма (Minusma), „без одлoжување“ да се повлече од неговата земја.

Диоп оцени дека мировната мисија „имала неуспех“ во извршувањето на безбедносните задачи.

„Владата на Мали бара Минусма веднаш да се повлече. Меѓутоа, нашата Влада е подготвена да соработува со Обединетите нации“, рече Диоп.

Шефот на малиската дипломатија претходно ги отфрли сите можности за промена на мандатот на мировната мисија во Мали, што беше предложено од генералниот секретар на Обединетите нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот