Инфективна клиника -Фото - Слободен печат - Методи Здравев

Минатата недела пријавени 139 заболени од грип, најмногу во Дебар

Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) вели дека во Македонија во периодот од 16 до 22 декември се пријавени 139 случаи на лица заболени од грип, со отскок од скоро 18 отсто во споредба со претходната недела.

Во извештајот објавен утринава, од пријавените случаи, 95 лица се на возраст од 15 до 64 години, 24 се деца помеѓу 5 и 14- годишна возраст, додека пак 12 се на возраст до 4 години и осум пријавени се над 65 години.

Најмногу заболени од грип се регистрирани во Дебар, 42 лица, во Гостивар се пријавени 33 случаи, Куманово брои 22 разболени и во Тетово ИЈЗ евидентирал 15 луѓе заболени од грип.

Во останатите градови кои се наведени во извештајот, бројот на пријавени лица болни од грип изнесува 5 или помалку.

Според ИЈЗ, вирусната активност на грипот е сезонска и ниска во Гостивар, додека во Дебар е забележана средна активност на вирусот.

Споредбено со овој период претходната година, бројот на лица заболени од грип е намален за 10 отсто и изнесува 799.

Заклулно со оваа седмица, во Македонија со комерцијална вакцина против грип се вакцинирани 72.125 лица, велат од ИЈЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот