Антонио Милошоски / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Милошоски: Ако проблемот со Бугарија е само Уставот, ајде да поднесеме заедничка Резолуција во ЕП за македонскиот идентитет и јазик

Ако Бугарија тврди дека проблемот на отпочнувањето на преговорите со ЕУ, се само Бугарите во Уставот, предлагаме да поднесеме заедничка Резолуција во ЕП со која што ќе се потврди самобитноста на македонскиот идентитет и јазик, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Тој потсети дека претседателот на Владата, Христијан Мицкоски му ја дал оваа отворена понуда на бугарскиот претседател Румен Радев и до владата на Бугарија.

„Доколку пречка за македонските евроинтеграции е само внесувањето на Бугарите во Уставот, тогаш не би требало да биде никаков проблем заедно со соседна Бугарија, да поднесеме резолуција која ќе ја гарантира македонската идентитетска и јазична посебност, а истовремено ќе ја зголеми и довербата помеѓу Македонија и Бугарија.

Уште веднаш, можеме да поднесеме заедничка резолуција, да ја зацврстиме меѓусебната соработка на овој план и да го решиме проблемот за отпочнувањето на европските интеграции. Понудата која што е дадена од премиерот Мицкоски, е отворена“ вели Милошоски.

Сепак, наведува дека имало доза на скептицизам дали ова барање ќе биде прифатено од официјална Софија, бидејќи, како што посочува, „тоа што го гледаме од страна на источниот сосед, посебно некои нивни владини претставници изгледа како да имаат одредени задни намери“.

Отворањето на Уставот, според Милошоски, за многу владини претставници во Софија, е само почеток на многу други барања и многу други изговори за идни блокади.

„Реалноста е дека добар дел од официјалните претставници на Бугарија, работат на негација на македонскиот идентитет и јазик, нешто слично како што Русија ја негира самобитноста на украинскиот јазик и посебноста на украинскиот народ.

Бугарија, за жал, сака да спроведе еден историски инжинеринг, каков што не е спроведен никаде во современиот демократски свет. За жал, помош за ваквиот обид на официјална Софија добиваат и од некои претставници на СДСМ“ наведува тој.

Вели дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче е спремен сервилно да изгласа се што Бугарија ќе стави на маса, а тоа го потврдил и самиот на неколку негови настани.

За разлика од СДСМ, Милошоски вели дека целта на ВМРО-ДПМНЕ, е да ги заштити националните интереси, достоинството на државата, да имаме конструктивен дијалог со секој сосед, па и со Бугарија, базиран на аргументи, но без виткање на рбетот на самата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот