Фото: FFM

Милевски: Задоволен сум, Македонија денеска доминираше

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска претрпе пораз од селекцијата на Црна Гора на втората контролка во Анталија со 1:0. Единствениот гол на натпреварот пред крајот на првото полувреме го постигна искусниот Стеван Јоветиќ.

Македонија овој репрезентативен циклус го завршува со едно реми против Молдавија и пораз од Црна Гора, со еден постигнат гол во двата натпревари кој беше дело на Бојан Миовски.

Селекторот Благоја Милевски за денешниот натпревар смета дека Македонија доминирала во сите сегменти.

Противникот немаше ниту еден шут од игра кон голот. Прекините ни се проблем, работиме напорно на тоа. Се обидовме денес да ја промениме поставеноста на корнери, игравме некоја зона. Сепак, се случуваат такви грешки како при голот и ќе работиме понатаму. Морам да изразам задоволство за начинот на кој игравме. Македонија доминираше во сите сегменти на фудбалската игра. За жал шансите, особено во првиот дел, не ги искористивме. Сето останато што побарав од играчите беше исполнето. Морам да бидам задоволен од виденото. Пак ќе потенцирам дека Македонија одигра квалитетен натпревар против повеќе од сериозен противник како Црна Гора. Сè на сè, задоволен сум од двата натпревари во Анталија.

Имавме доста промени на тактички план меѓу двата меча со Молдавија и Црна Гора. Тргнувајќи од индивидуалната тактика и поставеноста на играчите, имаше доста измени, а сите го исполнија тоа што се бараше од нив. Ако Македонија изгледа вака како денес, јас ќе бидам среќен. Секако, ако го тргнеме резултатот на страна. Иако резултатот е најважен, тоа не е така на овие контролни натпревари. Многу поважно ми е што ќе покажат играчите“, изјави Милевски.

Следниот репрезентативен предизвик фудбалерите ќе го имаат во јуни кога ќе играме натпревари исто така од пријателски карактер против Чешка и Хрватска.

ВИДЕО | Јоветиќ човек на одлука, пораз за Македонија од Црна Гора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот