Фото: ФФМ

Милевски: Можеме да ја изненадиме Белгија, никој не може да ни го одземе сонот за Мундијал

Селекторот Балгоја Милевски денеска го објави списокот за натпреварите со Белгија и Казахстан, а како што вели верува во пласман на Светското првенство.

За Белгија ќе се подготвува, исто како и во досегашните натпревари.

„Сите пет меча досега беа главни битки. Ни останаа уште три, кои мораме да ги одиграме на највисоко ниво. Овој со Белгија е ист како претходните – да не беа тие важни, сега немаше да сме во оваа позиција. Ќе се обидеме да завршиме најдобро што можеме, а што тоа ќе донесе – ќе видиме“, оптимист е сер Боби

Потсети и деека никој не очекувал Македонија да биде во оваа позиција по толку одиграни натпревари.

„Ретко кој очекуваше да имаме толку бодови по пет натпревари, но ние сме таму каде што сме. Стоиме цврсто на земја, знаеме против кого играме. Белгија е главен фаворит, но Македонија покажа дека може да биде конкурентна. Никој не може да ни го одземе сонот за Мундијал“, вели селектороТ.

Македонија против Белгија ќе игра на 10. октомври во Гент, додека три дена подоцна ќе го пречекаме Казахстан.

Преземено од: Спорт.ком.мк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот