Фото: Инстаграм

ФОТО| Милена Антовска денеска има повод за славење: „На овој голем празник пред 8 години станав посилна и побогата“

Ќерката на познатата водителка Милена Антовска – Станковска, Лана Марија, денеска го слави својот 8-ми роденден. По тој повод, гордата мајка сподели емотивно видео на својот инстаграм, составено од спомени и фотографии од нејзиното растење.

Во описот на објавата Милена изрази огромна љубов и благодарност што Лана Марија е дел од нејзиниот живот, а следбениците ѝ упатија бројни честитки и убави желби за малата славеничка.

– Те сакам бескрајно. Пред 8 години на денешен ден, на овој преубав празник, станав посилна и побогата затоа што на свет дојде мојата љубов Лана Марија. Среќен роденден душо – напиша водителката.

Милена е речиси осум години е во складен брак со Гордан Станковски и имаат две ќерки, Лана Марија и Јоана.

Водителката не објавува семејни слики често, освен од летните одмори или кога има специјален повод, како овој денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот