
Милановиќ: Европа полудува, води војни, се вооружува
На денешен ден пред 80 години беше ослободен Загреб, а по тој повод во загрепската сала „Ватрослав Лисински“ се одржа свечена седница на која хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека проекцијата на НАТО е Хрватска да инвестира пет отсто од својот БДП во одбраната, што, како што рече, води во пропаст.
Препорачано
Милановиќ рече дека Европа полудува, води војни, се вооружува, а ниту еден одговорен државник не може и не треба да биде против неговата земја да се вооружува за да се брани.
„Без тоа нема држава. Додека овде зборуваме за славното минато, има иницијативи за неколку години да се трошат пет проценти од БДП за вооружување, за одбрана“, рече Милановиќ.
Тој објасни дека инвестирањето пет проценти од БДП во одбраната е иницијатива на НАТО за следниот самит, кој ќе се одржи за еден месец.
Јавноста мора да знае за ова. Тоа не се воени тајни, тоа се политички факти – дека пет проценти од БДП се трошат за вооружување, за одбрана“, рече Милановиќ.
Тој додаде дека Хрватска во моментов троши милијарда и четиристотини милиони долари за одбрана, а според проекциите на НАТО треба да потроши пет милијарди долари.
„Ова значи дека Европа ќе биде натоварена со оружје. Од кого, каде и како ќе го купат и што ќе можеме да се здобиеме со таа сума? Тоа се теми за размислување бидејќи тоа води до непоправлива штета и пропаст – изјавил Милановиќ, а пренесува загрепски „Јутарњи лист“.