Фото: Принтскрин/Јутјуб

Милан Калиниќ удрил жена во станот, побегнал, па сам се предал во полиција

Девојка го пријавила синоќа српскиот актер и водител Милан Калиниќ за насилство, поради тоа што наводно тој ја удрил во главата во нејзиниот стан во Нов Белград.

Како што пишуваат српските медиуми, драмата се случила нешто пред полноќ во Нов Белград, кога девојката повикала полиција ѝ рекла дека Калиниќ ја претепал.

Од редакцијата на српски „Блиц“ го побарале Милан за да ги потврди овие наводи, а тој изјавил дека не се случило никакво насилство.

– Видов што се пишува. Ја знам девојката, ги видов овие иницијали, но не знам зошто овие пишувања. Никого не сум допрел со прст. Сè е во ред, не знам за што се работи. Можно е тоа да е поради моите неодамнешни објави на социјалните мрежи, не знам за што друго би можело да е во прашање – изјавил Калиниќ за „Блиц“.

Девојката со иницијали А. Б., објаснила што се случило.

Таа наводно добила удари од него, а кога полицијата дошла на лице местото, било констатирано дека Калиниќ побегнал од адресата каде што се случило насилството. Таа навела дека добила удар во десната слепоочница додека седела на столот, поради што има модринка под окото. Меѓутоа, таа не сакала да ѝ пружат лекарска помош во Брзата помош, туку рекла дека сама ќе оди на лекар, рекол извор запознаен со целиот случај.

Во меѓувреме, како што дознава српски „Телеграф“, Калиниќ синоќа ѝ се предал на полицијата и му била изречена итна мерка – забрана за приоѓање и комуникација.

ВИДЕО | Милан Калиниќ ја шокираше јавноста со изјавата на син му: „Тато, јас гледав порно филмови“

„Не плачам поради жени“: Милан Калиниќ проговори за разводот, па откри дали има нова девојка

ВИДЕО | „Мој проблем е со кого сум спиела“: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ ужива со овој познат пејач

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот