
Мила Јововиќ раскажа за нејзиното потекло: Дедо ми се бореше со југословенските партизани! (ФОТО)
Познатата актерка на Инстаграм сподели дека родителите на нејзините мајка и татко биле борци во Втората светска војна.
Препорачано
Мила Јовович, актерка и модел, сподели емотивна порака посветена на храбрите луѓе од нејзиното семејство што учествувале во Втората светска војна. Таа објави фотографии од својата баба на Инстаграм, но и од многу други роднини, а во објавата објасни и дека во нивното семејство имало многу храбри војници.
„Мојата баба Татјана Попович станала медицинска сестра на фронтот кога имала само 16 години. До свои 18 години марширала храбро низ стравот сѐ до Берлин. Тоа се нејзини медали и документи. Нејзиниот сопруг Александар Логинов исто така се борел во Втората светска војна“, напиша Мила, а потоа додала:
„Мојот дедо од татко, Богдан Јовович, се борел во редовите на југословенските партизани. Би можело да се каже дека доаѓам од втората низа на борци, војници и револуционери. Толку многу се гордеам со своето наследство и со неверојатните луѓе од кои потекнувам“, се пофалила актерката, која и претходно истакнуваше дека нејзините предци се од поранешна Југославија и некогашниот Советски Сојуз.

Вистинското име на актерката е Милица, додека нејзиниот татко влече потекло од Црна Гора, а неговото семејство живеело и на Косово и Метохија. Мила раното детство го поминала во Москва, родниот град на својата мајка, а пред преселувањето во САД, извесно време живеела и во Англија.