Христијан Мицкоски Фото: Facebook

Мицкоски: Време е како пред 130 години да се обединиме и да тргнеме напред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

-23 Октомври е датум кој во нашата колективна меморија е врежан како датум кога за прв пат македонскиот народ се организирал во организација за борба за слободна и независна држава. Формирањето на МРО, кое подоцна ќе прерасне и во народот ќе остане запаметено како ВМРО е симболот на пркос на Македонецот, воден од желбата за подобро утре, истакнува Мицкоски.

И денес, како и тогаш на тој 23 октомври 1893 година, како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ни е потребен тој пркос и желба за подобро утре, зошто политиките на власта удираат по темелите на општеството, ја разјадуваат државата и ги бркаат луѓето од своите домови во странство.

-Време е како пред 130 години да се обединиме под знамето на Македонија и да тргнеме напред, да и кажеме не, на власта која не турка надолу, и да го реализираме сонот за просперитетна држава. Ако на основачите на ВМРО им било важно формирање на македонска држава. На нас нивните следбеници важно ни е Македонија да биде просперитетна држава, каде ќе владее правото и секоја индивидуа ќе има еднаква шанса за успех. На ВМРО-ДПМНЕ и на мене лично важно ни е Македонија да напредува и достигнува нови височини, истакнува Мицкоски во честитката по повод Денот на македонската револуционерна борба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот