
Мицкоски ветува дека со брза пруга возовите ќе одат 120 километри на час
Еден од првите проекти на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде подобрување на железничката мрежа, ветува лидерот Христијан Мицкоски.
Во ситуација кога Македонија практично нема железница и кога единствениот воз што сообраќаше кон Битола запре, новата влада ќе има тешка задача да го врати патувањето со воз.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Eдна од стратешките политика на идната влада ќе бидат инфраструктурните проекти и брзата пруга север-југ со која возовите во Македонија ќе патуваат со просечна брзина од 120 километри на час – откри Мицкоски за „Република“.
Лошата состојба во железничкиот сообраќај ја констатираше и Европската комисија во извештајот за напредокот.
„Нема политичка заложба за неопходните железнички реформи“, констатираше ЕК.
За железничката инфраструктура и од самото претпријатие нотирале два проекта. Едниот е целосно нова траса на која би можеле да одат брзи возови, но која би чинела 4 милијарди евра, како што изјави за „Слободен печат“, Никола Марков, директор во Железница-Инфраструктура, а другиот проект е постепена реконструкција на железничката пруга, но тогаш возовите не би можеле да одат со брзина поголема од 100 километри на час.