Фото МИА

Мицкоски тврди дека Владата веќе исплатила пенали и аванси кон „Бехтел и Енка“

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има сигурни информации оти веќе се исплатени пари од Владата за пенали и аванси кон компанијата „Бехтел и Енка“ која треба да ги гради Коридорите 8 и 10д.

-Имам сигурни информации, а еве ги повикувам медиумите да ги проверат, дека пред два дена од трезор се префрлени пари преку Министерството за транспорт и врски на ЈПДП, на Јавното претпријатие „Државни патишта” околу 7 милијарди и 250 милиони денари, тоа е околку 120 милиони евра. Отприлика толку се и тие пари претпоставувам треба да се веќе легнати на сметка на компанијата изведувач на овие делови од Коридори 8 , односно 10Д. Оваа информација ја има од пред два дена, односно да бидам попрецизен, од средата. Еве ве повикувам вие да го прашате Министерството за финансии, да го прашате јавното претпријатие дали се платени 120 милиони евра. Многу сум внимателен, околу 7 милијарди 250 милиони денари, тоа се некаде околу 120 милиони евра, изјави денеска Мицкоски.

Околу бројката за пенали и аванс што врз основа на тој договор ја добиле од свиркачи, Мицкоски појаснува дека се работи за 301.495.000 евра.

-Околу 173 милиони евра се обврски кои што ги превзела државата врз основа на самиот договор како авансно плаќање, како трошоци за подготовка на градилиште и трошоци за подготвителни работи, вклучително и менаџирање на на самиот проект. Останатите се пенали поради тоа што во рок од 45 дена од потпишување на договорот не е променет Законот за работни односи, односно работната недела не е продолжена од 40 на 60 работни саати. И затоа велам, бројаката е точно 301.495.000 евра кои што во овој момент граѓаните треба да му ги платат на изведувачот, додава тој.

Потенцира дека не се против градење, но треба да се гради на законит начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот