Х. Мицкоски и А. Касаноф во Вашингтон, 19 февруари 2025 г. / фото: Фејсбук

Мицкоски се сретнал со американскиот претставник за Западен Балкан, Касаноф

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска во Вашингтон се сретнал со заменик-помошникот на државниот секретар за Западен Балкан, Александер Касаноф.

„Разговаравме за состојбата во државата, европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план. Имаме идеја, имаме план, македонија има пријатели!“, напиша Мицкоски во објава на социјалните мрежи.

Премиерот од денеска до 22 јануари во Вашингтон ќе присуствува на годишната конференција за конзервативна политичка акција.

На настанот, како што соопштија од Владата и ВМРО-ДПМНЕ, е предвидено и обраќање на Мицкоски, а според агендата објавена на веб-страницата за собирот во Вашингтон, како дел од бројните говорници се најавуваат и Роберт Фицо, кој е актуелен премиер на Словачка, Лиз Трас поранешната премиерка на Велика Британија, Најџел Фараж, човекот кој ја водеше кампањата „Брегзит“, Матеуш Моравјецки, поранешен премиер на Полска, како и Џордан Бардела, кој ја предводи десницата во Франција, заедно со Ле Пен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот