ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ (2)
Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ / Фото: Слободен печат - Ристо Пејовски

Мицкоски: Сѐ уште не се гледам себеси како премиер, но имам амбиции

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој застана на чело на опозицијата при обидот за преструктуирање на парламентарното мнозинство како резултат од поволниот исход за опозициските партии на локалните избори, беше гостин во денешен Утрински брифинг.

Опозицијата во парламентот не успеа да го собори владиниот кабинет на Зоран Заев на гласање во Собранието, а Заев сега се обидува да создаде ново и поголемо парламентарно мнозинство а прва реакција на опозицијата потоа беше барање вонредни парламентарни избори.

-И сами велите дека Заев се обидува да создаде ново мнозинство. Како што стојат работите, сега позицијата има 59 пратеници и еден флуктуирачки кој не знае каде е, но претпоставуваме дека е или во седиштето на ДУИ во Мала Речица или на Бихаќка. Ние со Алтернатива имаме коректни односи и разговорите со нив продолжуваат, вели за Утрински брифинг, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски за Утрински брифинг на прашањето што како иден премиер би понудил, вели дека себеси сѐ уште не се гледа како премиер.

-Не се гледам себеси сѐ уште како премиер. Јас сум припадник на академската заедница, лидер на најголемата опозициска партија, лидер на опозицијата која има најмногу пратеници и градоначалници, а мојот сон е модерна, просперитетна Македонија исчистена од криминални структури. Немам роднини што се занимаваат со бизнис, вели Мицкоски за Утрински брифинг.

Со оглед на околностите дека се бараше ново мнозинство за нова влада од редовите на сегашната опозиција, го прашавме Мицковски дали нема амбиции да биде премиер.

-Се разбира дека имам амбиции да бидам премиер. А мојата амбиција како иден премиер е Македонија членка на ЕУ, бидејќи веќе е членка на НАТО, вели Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!