Христијан Мицкоски/Фото: Принтскрин

Мицкоски: Подметнувања и диверзии ќе има и во иднина од центри на моќ кои не сакаат оваа Влада да успее

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пожарите што се случуваат во државата се организирани од центри на моќ од државата и надвор, за што, како што нагласува, има информации од службите.

Сакам да кажам дека вакви работи ќе се случуваат и нема да престанат и сакам да упатам апел и до граѓаните дека вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот кој што следи, затоа што има центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее. Ние ќе се бориме. Тие ќе продолжат да подметнуваат, ќе продолжат да креираат, да лешинарат, а ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање во Трубарево, каде вчера избувна пожар во објект со електронски отпад.

Мицкоски додаде дека она што се случува сега и она што се случуваше летото и со кое успешно се справиле, ќе продолжи, затоа што, како што нагласи, „некој има интерес тоа да продолжи“, но оти ќе биде поразен.

Ангелов: Избувнувањето на пожарите не е случајност, имам право да се сомневам, но тешко е да се докаже

На прашањето дали фирмата за управување со отпад каде што се случи пожарот ги исполнувала условите кои се наведени во лиценцата, рече дека таа е добиена во 2021 со важност до 2031 и соодветно на тоа што било дадено како лиценца тие декларирале дека го поседуваат.

Можете да забележите и останати отпади во периметарот на пожарот, ги гледате условите под кои тие работат, а исто така ги гледаме условите од отпадите кои работат ширум државата. Ако мене ме прашате, тоа не се услови под кои треба да работат. Но истовремено, сите овие физички и хибридни напади кои се случуваат ќе ги таргетираат ваквите слаби страни и ќе продолжат да се случуваат, рече Мицкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот