Kanal 5

Мицкоски: Не сум за преговори со Бугарија само колку да се учествува, туку да се избориме

Премиерот Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на „Канал 5“, говорејќи за преговорите со Бугарија, рече дека во нив не се влегува само за да се учествува, туку треба да се избориме за успех, при што Гоце Делчев го нарече „титан на македонштината“.

„Не сум во оваа приказна само за да учествуваме, туку да завршиме со успех. Тоа е суштината на целиот овој процес. Не е суштината да го смениме Уставот до следната пречка за 6 месеци. Не е тоа со мандат „од – до“, туку процес кој трае, не е процес кој сега ќе почне и следната недела ќе заврши, рече Мицкоски.

Тој посочи дека „ако се сака, се има и начин за да нема билатерализација на целиот процес и да нема повеќе никакви пречки“.

„Нека биде Европска Унија арбитер, претседавачот со ЕУ не кани во Будимпешта да ги решиме однапред сите прашања, да не биде етапно, туку сите и да нема повеќе пречки понатаму и да нема билатеризација на овој процес. Веднаш да почнеме“, рече Мицкоски.

Говорејќи за Гоце Делчев, тој рече дека Делчев е „титанот на македонската борба и треба да се вкрстат аргументите за да се види какво е неговото значење за македонскиот народ“.

„Гоце Делчев за мене е македонски деец и историска фигура, титан на македонштината, за нив можеби е друго. Нека кажат колку песни, имиња, приказни има Гоце, а да видиме колку има кај нас. Да видиме кој навистина бил Гоце Делчев. Мудроста на народот е неприкосновена“, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот