Автомобили/ Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Мицкоски најави нова странска инвестиција вредна над 30 милиони евра во автомобилската индустрија

Нова странска инвестиција вредна над 30 милиони евра на глобалниот лидер во автомобилската индустрија Гентерм, која ќе овозможи нови до 300 вработувања, најави премиерот Христијан Мицкоски.

На денешната прес-конференција, Мицкоски соопшти дека со вакви проекти, расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во економијата.

-Денеска испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Ја објавувам новата инвестиција на Гентерм – глобален лидер во автомобилската индустрија кој покрај веќе постоечката инвестиција во Прилеп, почнува со план за процес на проширување на производството токму овде. Со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочно стратешки технолошки напредни инвестиции – рече тој.

Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата, како што појасни, ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра, со нови до 300 вработувања.

Според премиерот, станува збор за високоинтегрирани системи во автомобилската индустрија, со нова технолошка опрема автоматизирани линии и современо производство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот